Како да користите машини за пребарување

Машините за пребарување се специјални интернет-локации што ви помагаат да најдете секакви видови информации онлајн.

Како да почнете да користите машини за пребарување

Машините за пребарување ви помагаат да го најдете она што го барате на интернет:

  • постојат голем број машини за пребарување што работат на сличен начин, вклучувајќи ги Google, Microsoft Bing или Yahoo!
  • сите машини за прегледување може да се употребуваат на кои било интернет-прегледувачи или брендови на уреди
  • за да почнете со пребарување, отворете го интернет-прегледувачот и отворете ја претпочитаната интернет-локација на машината. Напишете го она што го барате во Полето за пребарување (Search box) на интернет-страницата на машината за пребарување и притиснете го копчето Enter
  • повеќето машини за пребарување се прилично интуитивни, па ако сакате да пребарате специфична фраза, напишете ја во наводници „quotation marks“, на пример „како да поправам црево во градината“ ("how to fix a garden hose"), во спротивно резултатите од пребарување што ќе ги добиете за индивидуални зборови ќе бидат случајни
  • резултатите од пребарувањето ќе се презентираат како список. На почетокот на интернет-страницата може да видите некои реклами или спонзорирани врски, а потоа следат вистинските резултати
  • ако направите правописна грешка, машината за пребарување сепак ќе се обиде да го најде она што го барате.
Илустрација од компјутерски екран што ги прикажува логоата на Google, Bing и Yahoo.

Како да користите адреси на интернет-локација

Ако веќе ја знаете или сте ја зачуваме интернет-адресата што сакате да ја посетите, тогаш нема да морате да употребите машина за пребарување:

  • отворете го претпочитаниот интернет-прегледувач
  • кликнете еднаш во долгото поле на почетокот на интернет-страницата, познато и како адресна лента (address bar)
  • постоечката интернет-адреса ќе се нагласи во сина боја, што значи дека можете да ја избришете или да пишувате преку неа
  • напишете ја интернет-адресата, позната и како УРЛ-адреса (URL), скратено за Униформен локатор на ресурси (Uniform Resource Locator), во адресната лента, на пример www.abc.net.au
  • притиснете го копчето Enter на тастатурата.

Како да користите Ознаки или Омилени

Сите интернет-прегледувачи ви овозможуваат да зачувате кратенки од омилените интернет-адреси за да можете да ги посетите повторно без да ја пишувате УРЛ-адресата:

  • во зависност кој прегледувач го користите, ова е познато како Ознака (Bookmark) или Омилени (Favourite) и двете го прават истото нешто
  • посетете ја интернет-локацијата што сакате да ја означите
  • кај повеќето интернет-прегледувачи, побарајте ја малечката, празна икона на ѕвездичка десно од УРЛ-адресата во адресната лента и кликнете на неа
  • ѕвездичката ќе се пополни и ќе ви биде побарано да одредите каде сакате да ја зачувате ознаката
  • изберете каде сакате да ја зачувате, за да можете да ја наоѓате оваа ознака во иднина
  • следниот пат кога ќе сакате да ја посетите омилената интернет-локација, ќе можете да ја најдете нејзината кратенка во списокот со кратенки.
Ѕвездичка на ознака во адресна лента на прегледувач.

Како да пребарувате интернет-локации

Голем број интернет-локации имаат сопствени функции за пребарување за да ви помогнат да најдете информации на нивната локација:

  • кога интернет-локацијата е отворена во вашиот интернет-прегледувач, побарајте поле со лупа во близина на почетокот на интернет-страницата
  • кликнете во полето и напишете го она што го барате
  • притиснете го копчето Enter на тастатурата или кликнете на иконата на лупа (magnifying glass) за да почнете да пребарувате
  • пребарувањето ќе се врши само на таа интернет-локација
  • тоа вообичаено е построго од една машина за пребарување што се однесува на правописни грешки.
Икона за пребарување на интернет-локацијата на abc.

Како да зачувате слики и датотеки од интернет

Понекогаш можеби ќе сакате да зачувате официјални обрасци, документи или слики од интернет. Ова е наречено преземање (downloading):

  • повеќето документи, слики и други медиуми се заштитени со авторски права. Така, нивното користење без дозвола од сопственикот на интернет-локацијата е незаконско
  • голем број документи се во пренослив формат на документ (Portable Document Format) или скратено PDF. Повеќето прегледувачи ќе прикажат PDF-датотеки во прозорецот на прегледувачот, но можете да го преземете бесплатно софтверот Adobe Reader од Adobe ако претпочитате
  • за да го преземете, кликнете со десното копче на глувчето на ставката за да го повикате менито со десен клик и изберете Зачувај како (Save as) или Зачувај слика (Save image) во зависност од она што го преземате
  • бидете многу внимателни кога вршите преземања од интернет-локации во кои немате доверба, бидејќи преземањата може да содржат несакан софтвер што може да предизвика оштетување на вашиот компјутер или кражба на личните податоци. Секогаш скенирајте ги преземените датотеки или слики со антивирусен софтвер (anti-virus software) пред да ги отворите. Имаме курсеви на Be Connected што ви покажуваат како да најдете и користите антивирусен софтвер.